Лев банер Десен банер

Струга го освои шампионскиот пехар на меѓународниот екипен шаховски турнир „Lake United“ во Поградец, Албанија

Струга триумфираше на меѓународниот екипен шаховски турнир „Lake United“, кој вчера се одржа во организација на Општина Поградец, освојувајќи го шампионскиот пехар по серија одлични партии и убедлив настап.

Струшката екипа настапи во својот најсилен состав, предводена од искусните шахисти Ѓоко Котески, Арлинд Јонузи и Зури Арслани, а посебно внимание привлече настапот на младиот Лука Симоновски, кој важи за најдобар млад шахист од Струга. Симоновски уште еднаш го потврди својот голем потенцијал, давајќи значаен придонес во успехот на тимот и најавувајќи светла иднина за струшкиот шах.

На турнирот учествуваа четири екипи од Струга, Охрид и Поградец, а натпреварите беа проследени со квалитетни партии и спортски дух.

Делегацијата на Општина Струга ја предводеше раководителот на Секторот за јавни дејности, Џеми Хајредини, кој им ја даде својата поддршка на шахистите во текот на натпреварувањето.

Организаторите и учесниците оценија дека „Lake United“ има потенцијал да стане традиционален меѓународен шаховски турнир. Следното издание ќе се одржи во Струга, која ќе биде домаќин на шахистите од регионот.

Со овој успех, Струга уште еднаш потврди дека располага со квалитетни шахисти, а младите таленти, предводени од Лука Симоновски, се гаранција дека градот ќе продолжи да бележи значајни резултати и во иднина.

StrugaOnline

error: