Лев банер Десен банер

Ненад Јовановиќ Близанац со ексклузивен настап во „Inclusive“ Охрид

Љубителите на добрата музика и ноќниот живот на 24 јули (петок) ќе имаат можност да уживаат во настапот на популарниот српски пејач Ненад Јовановиќ Близанац, кој ќе настапи во дискотеката „Inclusive“ во Охрид.

Организаторите најавуваат незаборавна вечер исполнета со најголемите хитови на Јовановиќ, кој важи за еден од најбараните изведувачи на регионалната музичка сцена. Се очекува уште една одлична атмосфера, со голем број посетители од Охрид, но и од другите градови, како и туристи кои летуваат на Охридското Езеро.

Вратите на клубот ќе бидат отворени од 23:45 часот, а заинтересираните можат однапред да направат резервација на телефонскиот број +389 71 232 808.

Од „Inclusive“ ги покануваат сите љубители на добрата забава да бидат дел од музичкиот спектакл и да уживаат во уште една летна вечер со настап во живо на Ненад Јовановиќ Близанац.

StrugaOnline

error: