Струга продолжува со победи, младите ракометарки стигнаа до трет триумф во Првата лига
Женскиот ракометен тим на Струга продолжува со одличните настапи во Првата лига, откако ја забележа третата победа во прволигашката конкуренција.
По триумфите над Јехона и Гевгелија Југ, стружанки славеа и на гостувањето кај Шампион, совладувајќи го домаќинот со убедливи 24-16.
Младите ракометарки на Струга уште во првото полувреме покажаа дека се подготвени за нови бодови. По првите 30 минути имаа предност од 10-7, а во продолжението одиграа уште подобро.
Во второто полувреме гостинките целосно го презедоа натпреварот во свои раце, го надиграа противникот во сите сегменти и на крајот стигнаа до убедлива победа од осум гола разлика.
Најефикасна во составот на Струга беше Матеа Димитроска, која постигна седум погодоци, додека Леа Пејоска ја следеше со шест гола. Кај Шампион, Бојана Божиновска беше најпрецизна со четири погодоци.
Со новиот триумф, Струга продолжува да гради позитивна серија во прволигашкото натпреварување, а младите ракометарки покажуваат дека имаат потенцијал за забележителни резултати.
Следниот предизвик за избраничките на Владимир Паноски и Теодора Гулицоска ќе биде гостувањето во Свети Николе, каде што во следното коло ќе ги одмерат силите со Овче Поле СУ.
StrugaOnline

