Успешен настап на ПК „Три Дисциплини“ во Лесковац, пливачите освоија 23 медали
Пливачите на ПК „Три Дисциплини“ забележаа одлични резултати на меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“, кој се одржа во Лесковац, Република Србија.
На натпреварот, дел од пливачите на клубот настапија во повеќе дисциплини, при што освоија голем број медали и уште еднаш го потврдија својот потенцијал на меѓународната сцена.
Меѓу најуспешните беше Јован Кутаноски, кој освои златни медали на 50 метри грбно и 50 метри делфин, како и сребрени медали на 100 метри делфин и 100 метри краул. Во дисциплината 50 метри краул тој стигна до бронзен медал.
Девран Куртис се закити со злато на 50 метри делфин, додека освои и сребрени медали на 50 метри краул, 100 метри краул и 50 метри грбно.
Одличен настап имаше и Дарија Магдис, која освои златни медали на 100 и 50 метри делфин, како и сребрени медали на 50 и 100 метри краул.
Нарт Домазети беше најдобар во дисциплините 50 и 100 метри грбно, освојувајќи две златни медали, а додаде и сребро на 100 метри делфин.
Во конкуренција на медалистите се најде и Петар Шикоски, кој освои сребрени медали на 100 метри грбно и 100 метри градно, како и бронзени на 50 метри грбно и 50 метри градно.
Матеј Лазороски освои злато на 100 метри делфин и бронза на 50 метри делфин.
Кај женските натпреварувачки, Мона Кукунешоска освои бронзен медал на 100 метри грбно, додека Бона Кукунешоска исто така настапи на митингот.
StrugaOnline

