Струшките џудисти освоија осум медали на Меѓународниот натпревар ,,Трофеј Пантера“ во Бијељина

Изминатиов викенд, (16-ти септември) Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга со седум свои натпреварувачи настапи на Меѓународниот натпревар ,,Трофеј Пантера“ во Бијељина, Република Српска, БиХ на кој настапија повеќе од 500 натпреварувачи од 11 земји и освои осум медали од кои три златни, еден сребрен и четири бронзени.

Со медали се закитија:
Категорија U9
1. Мила Стојанова -34кг 
Категорија U11
1. Давид Спироски -42кг 
2. Елеонора Јосифоска -34 
Категорија U13
1. Мила Стојмиловска -44кг 
2. Елеонора Јосифоска -36кг 
Категорија U15
1. Мила Стојмиловска -44 кг 
Категорија Кадети
1. Анамарија Стојмиловска -48кг 
1. Анамарија Стојмиловска -52кг 
,,Одлични настапи имаа и Катерина Клењоска и Давид Ќосески и се пласираа на петтото место.
Овие резултати се доказ дека ЏК Дрим Струга е несомнено еден од најуспешните спортски колективи!“-велат од тимот на ЏК ,,Дрим“ од Струга.
Оттаму изразија голема благодарност до Владимир Џокиќ и Џудо клуб ,,Пантер Бијељина“ за гостопримството и честитки за успешната организација.
Strugaonline
