Хорчето „ДримВокс“ објавува конкурс за нови членови за оваа учебна година

- Локални
252
Детскиот хор ,,ДримВокс“ објави конкурс за нови чќенови за оваа учебна година. Конкурсот ви го пренесуваме во целост:
Добредојдени се сите дечиња од 5 до 9 годинишна возраст, полни со живот, музикалност и желба за пеење!
На нашите часови, исполнети со мноогу дружба и забава, изучуваме бројни детски песнички, тематски и музички соодветни на возраста на децата. Со самото учење и интерпретирање на детска песничка се негува и поттикнува развојот на повеќе особини и способнисти кај децата, при што децата учат и научуваат да:
– Ја контролираат интонацијата;
– Внимават на ритамот на песничката, кој понекогаш може да е специфичен;
– Да дишат правилно и правилно и лесно да го пуштаат гласот при пеење;
– Го меморираат текстот на песничката;
– Се однесуваат одговорно и правилно на јавен настап.
При секоја можна прилика организираме јавни настапи на дечињата каде што го презентираме наученото, по што си одиме задоволни од себе и со поголема самодоверба.
Часовите ќе започнат од месец октомври и истите ќе се одржуваат два пати неделно – во понеделник и четврток во просториите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Сите љубопитни и заинтересирани можат да нѐ контактираат по порака (messenger, instagram) или на тел. 075 864 175. Во случај да не нѐ добиете оставете SMS или Viber порака со ваши податоци, па штом ќе сме во можност веднаш ќе ве исконтакрираме!
Ве очекуваме

Facebook Коментари