Струшките триатлонци доминираа во дресот на охридскиот велосипедски клуб Лихнидос на последната трка од Државното првенство во друмски велосипедизам во Скопје
Вчера во Скопје се одржа последната трка од државното првенство во друмски велосипедизам. Дел од членовите на триатлон и пливачки клуб ,,3 Дисциплини“ настапија за охридскиот велосипедски клуб Лихнидос, а со тоа ја завршија сезоната настапи за друмски велосипедизам.
Со целосна доминација во категориите у-15 и У-13 ги потврдија шампионските титули за оваа сезона.

Категорија у-15
Првак во апсолутна категорија-машки и женски заврши нашата Тија Кукунешоска (2010) . Со оваа победа го запечати првото место во жени и апсолутна категорија у-15.
Во оваа категорија како второпласирана во конечен пласман жени е Наталија Ончева (2010) а трето пласирана Сара Димоска(2010).
Категорија у-13
Потполна доминација на струшките триатлонци во дресот на Лихнидос.
Марко Шаврески (2012 )со вчерашната втора победа во друмски велосипедизам и едно второ место ја потврди шампионската титула за друмски велосипедизам во 2023 година.
Како второпласиран или вицешампион со едно второ,едно прво и едно трето место е Симеон Јованоски Кацкароски (2011)
Како четврто пласиран во у-13 во конечен пласман за 2023 е Јован Кутаноски со едно 3 то место ,еддно 5 то место и 4 место (2014).
Петто пласиран за 2023 е Хади Исмаилоски (2013)
Едно 5 то место,4то и 5 то место.
Во женска категорија у-13
Софија Кутаноска( 2014) за 2023 е шампион во женска категорија за у-13 со освоено две први места и едно 4 то.
Леонтина Џероска (2013) за 2023 заврши како второ пласирана во конечен пласман едно второ,едно трето и едно прво место.
Стефанија Кутаноска (2014) како трето пласирана за 2023 едно 2 ро,едно трето и едно 5 место.
,,Честитки и за останатите наши членови што изборија пласман на некоја од трките или зедоа учество на некоја од трките. Некои освоија и медали на некои од трките ,а за поголем дел е огромен успех што завршија пред се на некоја од трките.“-вели тренерот Никола Кутаноски.
Strugaonline
