Колекцијата на народни носии oд Љупчо Милошески освои трето место на фестивал во Србија

- Локални
527

Изминатиов викенд членовите од КУД Илинден од Струга зедоа учество на фестивалот на народната носија ,,Бисерна Грана” во Нови Сад – Србија. Тие претставуваа народни носии од  колекцијата на Љупчо Милошески, а оваа година неговиот избор беше етничкиот предел Струшко Поле, пределот што  лично најмногу го опишува Милошески, затоа што како што вели, таму припаѓа и  таму се наоѓа неговото родно Драслајца.

-Во силна конкуренција на автентични народни носии, нашата, машката носија за,,зет” го освои високото трето место на фестивалот во категоријата – машки носии. Убаво е да напоменам дека минатата година, на истиот фестивал беше првото Меѓународно презентирање и промоција на мојата монографија и изложба “Од Љубанишча до Дебор”.-изјави Милошески за Strugaonline.

Toj изрази голема благодарност до својата екипа составена од Илија Лазороски, Бојана Лазороска, Љубица Матлиоска, Мишел Боцески и Ангела Вранишкоска кои беа на висина на задачата. Милошески се заблагодари и на Милан Степанов за поканата.
Strugaonline

Facebook Коментари