Лев банер Десен банер

Струшките велосипедисти утре организаат прекугранично возење со планински велосипеди

Со прекугранично возење планински велосипеди што ќе се одржи утре, струшките велосипедисти на повисоко ниво ќе го подигнат авантуристичкиот туризам.

Турата ќе започнува од ,,Кореа”,а  низ Лабуништа и Бороец ќе се искачат до Лакајца.

Од Лакајца преку ,,зелен појас” велосипедистите ќе преминат на албанска страна и ќе возат низ селата од Голо Брдо (Стеблево, Клење, Ѓиновец,Требиште). На македонска територија ќе преминат кај селото Џепиште.

Овој настан е организиран од здружението Рупикапра МТБ Струга ,а поддржан и помогнат од македонското МВР , Амбасадата на Република Албанија, Амбасадата на Словачка и амбасадорот Хенрик Маркуш кој лично ќе им се придружи на бајкерите.

,,Целта на настанот  е промоција на регионална прекугранична соработка, создавајќи мостови на пријателство и заеднички развој. Со прекуграничното возење испраќаме порака за отвореност и добрососедски односи зајакнувајќи ги врските меѓу нашите народи”-изјави  за Strugaonline  Душан Шутиноски претседател на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга.

,,Даваме огромна поддршка на идејата за одржлив еко туризам, промовирајќи соживот, здрав начин на живот и еколошка свест”-изјави Илир Ибраими од Mountain bikers Struga.

Возењето ќе започне во 9:00 часот од  Макпетрол-Kореа

Strugaonline

error: