Голем инклузивен настан денеска во Струга

- Локални
94
Денеска во 12 :00 часот во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи голем инклузивен настан. Здружрнието за грижа на лица со посебни потреби ЦФДК- Струга како завршна активност од проектот „Креативна Инклузија“ ќе ги изложи своите изработки.
– Вредните рачиња на нашите корисници со помош и поддршка на нивните едукатори и обучувачот изработија платнени ташни, маици и други производи кои ќе бидат достапни за продажба. На овој настан ќе ни дадат поддршка и нашите пријатели кои се големи поборници на инклузијата и креативноста-изјави за Strugaonline Еди Кела, од здружението  ЦФДК- Струга .
Таа додава дека целта на овој настан, а и на самиот проект, е да се најде начин за  економска независност на корисниците на овој центар и да им се даде можност да почнат да заработуваат.
Проектот започнал со набавување на професионални машини за шиење и везење, следната фаза била обука за шиење и везење за едукаторите и корисниците од страна на професионален шнајдер/ кројач, потоа следувала изработка на предвидените производи (платнени ташни, маици и други производи).
-Би ја искористила оваа можност да ги повикам сите општествено одговорни компании да се вклучат и да ја дадат својата поддршка.-изјави Кела.
Strugaonline

Facebook Коментари