Стружанецот Димитар Јованоски учествува на престижната велосипедска трка „Tour of Slovenia”

- Локални, Спорт
1478

Стружанецот Димитар Јованоски, успешен велосипедист кој е гордост на нашиот град,  учествува на престижната велосипедска трка „Tour of Slovenia”Тој воедно е и прв македонец кој има потпишано за континентален тим, односно за „Adria Mobil”.

Димитар Јованоски  е успешен триатлонец кој својата кариера во Македонија ја градеше во триатлон и пливачкиот клуб ,,3Дисциплини“ во Струга. Има освоено низа златни медали и редовно беше на пиедесталот на вакви натпреварувања и во Македонија, но и надвор од нашите граници.

Јованоски е долгогодишен шампион во планински и друмски велосипедизам во јуниорска категорија. Со велосипедизам почнал да се заминава на деветгодишна возраст. Неговиот тренер Никола Кутаноски од Струга, често знае да каже дека е убаво кога ученикот го надминал учителот.

 

Димитар сега студира во Словенија, а судејќи по досегашните успеси, пред него е блескава спортска кариера.

Strugaonline

Facebook Коментари