Потпишан договорот за отворање на Европска Куќа во Струга

- Локални
557
Денеска во Паркот на поезијата во Струга на официјална церемонија беше потпишан договорот за отворање на Европска Куќа (Europe House) во Струга.
Договорот го потпиша градоначалникот Мерко со Н.Е Амбасадорот Дејвид Гир, а договор потпишаа и градоначалникот и вршителот на должност претседател на ССМ, Слободан Трендафилов.
Во своето обраќање градоначалникот Мерко се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за иницијативата да отвори ваков центар во Струга, кој ќе придонесе за збогатување на активностите во градот и младите.
,,Струга има потенцијал и се стреми кон европски вредности, а ваквите институции само помагаат во процесот.“-потенцираше Мерко.
На настанот свое обраќање имаше и вицепремиерот Маричиќ, а присутни беа и министерот Шаќири, пратеникот Митрески и претседателката на совет Влаши.
Strugaonline

Facebook Коментари