До крајот на сезонава Вардар добива засилување, во тимот се враќа Велко Маркоски, поранешен репрезентативец на Македонија кој својата кариера ја почна токму во Скопје во редовите на актуелниот македонски првак.

Договорот на Маркоски со Вардар е на најмалку половина сезона, со можност истата да биде продолжена.
-Со доаѓањето на Маркоски, тренерот Владо Недановски добива сериозна конкуренција за создавање на уште погранитна одбрана, бидејќи Маркоски важи за силен и цврст одбранбен играч. Вардар во плејофот тргнува со максимални три бода и ќе атакува на одбрана на двојната круна. Маркоски е веќе на тренинг со „црвено-црните“ кои ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Пoкраj Маркоски на подготовките на Вардар се и сите други ракометари кои не се повикани во своите национални репрезентации: Гогов, Ристовски, Стојановски, Мишевски, Карапалевски, Моралес, Лазаревски, Атанасовски, Стоилов и Ќосевски.-соопшуваат од клубот.
Додаваат дека Маркоски уште како младинец во 2003 беше дел од тимот на Вардар, каде остана до 2010 и зад себе има и титули и куп трофеи освоени со нивниот клуб. Потоа настапуваше за екипите на Металург, Зомимак М, Работнички, а играше и во странство во Загреб и Констанца. Последнава полусезона беше дел од тимот на Струга.
Facebook Коментари