Трета сезона ЕХФ лига -шампиони-Вардар денеска се сретнува со Монпелје

Трета сезона во ЕХФ лигата на шампионите започнува Во првото коло европскиот шампион Вардар игра против француски Монпелје. Досега Вардар два пати се враќаше како победник против Монпелје к на стартот, а потоа на крајот стигнуваше и во Ф4 турнирот во Келн. И повторно првото коло во групната фаза ќе биде дуел на два тима што имаа во своите витрини европски титули. Вардар беше европски првак во 2007 и 2019 година, а Монпелје во 2018 година, а претходно има уште еден трофеј од 2003 година.
Вардар и Монпелје се дел од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите каде се уште и екипите на Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Мешков, Порто и Кил. Се игра според стариот систем, 14 кола по што првопласираниот директно се пласира во Топ-8, а екипите од второ до шесто место во групата ќе играат во осминафиналето.
Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните”. на Седум натпревари, петпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми а единствениот пораз од французите на Ф4 турнирот во Келн Вардар го имаше во сезоната 2017/2018.
Лани играа двапати, исто така сезоната ја почнаа во Франција каде нашите ракометари славеа со 27-24, а во Скопје победија со 33-27.
Ова е 13-та сезона како Вардар игра во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите досега Вардар има одиграно 142 натпревари, и на 69 натпревари сме биле победници. „Црвено-црните” се на 14-то место на вечната листа и е најуспешниот тим од Македонија.
На средбата во Франција ќе ги нема Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште се повредени.
Натпреварот со Монпелје се игра во 17,15 часот а ТВ преносот е на МТВ 1.
Извор: РК Вардар
фото: архива

