Славчо Попоски: На почетокот на следната недела невообичаено топло-пад на температурите од четврток

- Македонија
614

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ на почетокот од следната недела ќе имаме повисоки температури од вообичаените, дури и за околу десет степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево на почетокот од неделата со мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Зголемување на облачноста ќе имаме во среда попладне и навечер кога особено во северната половина не се исклучува можноста за послаби локални врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе засилува и тоа особено Долж Повардарието, сето ова ќе биде најава за позначителениот пад на температурите на воздухот кој се очекува од честврток, особено пад ќе бележат минималните температури (ноќните и утринските). Во четврток ќе имаме веќе облачност и на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд а не се исклучува можноста и за локална појава на грмежи. Од четврток температурите на воздухот позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интералот од 18 до 27 степени. И во Струга и околината во првите денови од следната недела ќе бгиде надпросечно топло со максимална температура која ќе се искачи до околу 28 степени а стабилното време ќе продолжи, зголемување на облачноста ќе има во среда попладне и навечер а условите за повремени врнежи од дожд ќе започнат да растат во четврток кога и температурата ќе започне да опаѓа.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари