ЖРК Вардар, во неделата, победи во Германија кај Турингер 31:29, ја забележа осмата последовна победа во Лигата на шампионките и го потврди пласманот во четвртфиналето.
Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Ања Алтхаус се меѓу најдобрите во третото коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото, додека според ЕХФ, Алхтаус го постигнала најубавиот гол.
Андреа Пенезиќ во победата на Вардар партиципираше со 10 голови. Покрај хрватската репрезентативка, останатите две ѕвезди на колото според ЕХФ се Ана Грос од Мец и Зита Сучански.

На четири кола до крај на групната фаза од лигата на шампионите Вардар повторно е лидер во групата по триумфот од 25-20 (14-8) против ППД Загреб. Сега Вардар има 14 бода, исто колку и Кјелце но „црвено-црните” имаат подобра вкупна гол разлика.
Ова e седма победа за Вардар сезонава, а вкупно 38 во лигата на шампионите. Им вратија вардарци на загребчани за поразот во есенскиот дел од сезоната кога на гостувањето загубивме со 27-28. Овојпат бодовите беа уште поважни.
Во следното коло Вардар гостува кај ПИК Сегед, меч што треба да ни ја отвори вратата кон директен пласман во четвртфиналето.
РК Металург оваа сезона го заврши настапот во Лигата на шампионите со победа на домашен терен против Чеховски Медведи со 31-24.
За „сините“ од Автокоманда ова беше деветата сеозна во ЛШ, постигнаа пет победи и исто толку порази и со 10 бода се на третото место во групата Д недоволно за пласман панатаму. Ова е голем чекор напред за „металурзите“ во однос на лани кога беа последни во групата со само две победи.
Во победата на Металург, Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ постигнаа по седум гола, Жарко Пешевски реализира четири, а по три гола постигнаа Кузмановски, Костески и Гуглета.
Facebook Коментари