Завод за ревизија: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид нема да заврши навреме

- Локални, Македонија
695

Според ревизорите, досега се платени 17 милиони евра повеќе за негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој бил склучен договорот со кинеската банка за изградба на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, пренесува Мета.

Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во вкупен износ од 580 милиони евра.

Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови – април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија.

Делницата на автопатот во западниот дел од земјава е со должина од 57 километри и е со првична вредност од 374 милиони евра.

Државиот завод за ревизија, по увидот во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите утврдила дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на финансиската реализација.

извор: Мета

Facebook Коментари