Вардар е вториот финалист на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата, откако во квалитетен и неизвесен натпревар го победи тимот на Брест Мешков. Црвено-црните со резултат 25:23.
Публиката имаше можност да проследи одлично и возбудливо прво полувреме после кое Вардарци на одмор отидоа со водство од 14;10
Првите минути од второто полувреме доминираше противникот. Вардарци „се разбудија“ после шест минути игра кога Стоилов погоди за 15:12. Meшков играше квалитетно во вториот дел, а во 43та минута израмија на 17:17. Потоа домаќините успеаа и да поведат, но Стоилов израмни на 21:21. После ова израмнување, Вардарци успеаа да поведат и на крај славеа со 25:23
Најефикасен беше Стоилов со 7 голови, додека Кристопанс постигна 5. Милосављев повторно брилијантен со 15 одбрани. Денеска во големото финале со почеток од 19:00 часот Вардар игра против ППД Загреб.
Strugaonline
фото: РК Вардар
Facebook Коментари