Спектакуларна Гала вечер за членовите на „Порака нова“ во Струга

- Локални
896

По повод 2-ри април, Светски ден посветен на свесноста за утизмот, во Струга се одржа спектакуларна гала вечер. На овој настан учествуваа голем дел од членовите на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“ и волонтери од училиштата „Нико Нестор“, „Ибрахим Темо“, „Јахја Кемал“ и Меѓународниот универзитет –Струга.

Пред да започне Гала вечерта, во просториите на „Порака нова“  фризери и шминкери се погрижија за изгледот на учесниците кои имаа партнери-волонтери.  Членовите на „Порака Нова“ поминаа по црвен тепих заедно со своите партнери, пред влезот во хотел „Солферино“ каде што се одржа настанот.

„Благодарност од „Порака нова“ до Irida и Аndy Morisseau за иницијативата и до сите волонтери за помошта. “ – велат од „Порака нова“.

Гала вечерта се одржа со средствата што беа собрани од хуманитарната трка што во Струга се одржа по повод Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.

Strugaonline

 

 

 

 

 

Facebook Коментари