Вардар го победи Нант и постигна нов клупски рекорд

- Спорт
951

Европскиот ракометен првак Вардар продолжува со победничката серија во лигата на шампионите и сезонава, откако на првиот домашен натпревар од група А триумфираше со 27-23 (14-10) против Нант. За Вардар ова е втор триумф сезонава, седми по ред во лигата на шампионите.

Новиот клупски рекорд во лигата на шампионите за Вардар е токму оваа седма победа по ред. На претходниот натпревар во Полска ја постигнавме шестата победа по ред што исто така беше рекордно, а сега само ја подигнавме летвичката за едно ниво погоре.

Резултатот покажува дека Вардар победи, но до двата бодови имаше голема борба, многу вложен труд и енергија.

Во следното коло Вардар го пречекува ППД Загреб во Скопје.

Извор и фото: rkvardar.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари