Вардар по четврти пат ќе игра за пласман на Ф4, вторпат против германски Флензбург

- Спорт
902

Вардар по четврти пат по ред ќе игра меѓу Топ-8 екипи во лигата на шампионите, и повторно како пред четири сезони за пласман на Ф4 турнирот ќе игра со германски Флензбург. Историјата се повторува, па и сега првиот меч од четврт-финалето се игра во Германија на 22 април, а реваншот е во Скопје.

Разликата е што сезонава Вардар влезе како тим што ги прескокна осминафиналните натпревари бидејќи во групната фаза заврши како првопласиран. Тоа досега го нема постигнато ниту една македонска екипа, ниту пак некоја македонска екипа четири сезони е меѓу осумте најдобри тимови.

Пред четврт-финалето на ЛШ, медиа делот на ЕХФ составен од еминентни новинари кои ги следат натпреварите го направи и последното рангирање на тимовите што стигнаа до Топ-8 фазата. Тука Вардар за првпат се најде на пиедесталот, на третото место што е најдобар успех за „црвено-црните” досега.

ЕХФ преку својата мрежа на новинари кои работат за првпат Вардар го стави во групата на тимови што не само што сигурно би требало да игра на завршниот турнир, туку и се предводува дека ќе го освои бронзениот медал. Вардар има голем напредок од претходното рангирање, бидејќи пред десетина дена триумфираше во СЕХА лигата, и тоа во конкуренција на четири тимови што сезонава играа во Топ-16 фазата, а Веспрем е исто така учесник во четврт-финалето на ЛШ.

Facebook Коментари