Вардар славеше на домашен терен против Војводина

- Спорт
583

Македонскиот и европски првак Вардар вчера ја совлада екипата на Војводина во рамките на СЕХА лигата со резултат (26-23). Почетокот на натпреварот донесе проблем за нашите ракометари бидејќи со повреда се здоби Криштопанс, а Војводина даваше отпор на играта на Вардарци. После неколку бркања на резултатот ракометарите на Војводина успеаа да израмнат и на полувреме беше 11:11. Израмнетата и неизвесна игра траеше до 43 тата минута кога резултатот беше 17:17. Во последните 15 минути од мечот, нашите ракометари доминираа. Разликата се создаде кога Димитриоски и Скубе дадоа два гола во низа, а потоа следеше техничка грешка на гостите и гол на Шишкарев, за  предност од три гола (23-20). Потоа Вардарци стигнаа и до крајниот резултат 26:23

На овој натпревар Вардар играше без Стоилов, Дисингер, Горбок, Атман, Горпишин и Толедо.Во наредното коло од регионалното натпреварување, Вардар во Скопје ќе ja пречека екипата на Мотор.

Strugaonline

Facebook Коментари