Општина Охрид ги распиша конкурсите за највисоките градски признанија и награди

- Локални
463

По повод 8-ми Декември–“Св.Климент Охридски”, градоначалникот на Општина Охрид распиша Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2019 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Северна Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија го распиша конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2019 година.

 Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Информациите околу условите и начинот на пријавување се објавени на официјалната страница на Општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари