Лев банер Десен банер

Вардар загуби од Веспрем во осминафиналната фаза од ЛШ

Македонскиот првак Вардар во првиот дуел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите загуби од Веспрем со резултат 22-30 Дуелот во Скопје е прв во двомечот од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, победникот ќе се соочи со Алборг во рундата пред Ф4.

И покрај борбената игра на Вардарци, првиот дел заврши со резултат  11-15.

Во вториот дел гостите направија висока предност, која Вардарци не успеаа да ја спотат, па Веспрем заврши рутински со резултат 22-30

Голманот на Веспрем, Родриго Коралес забележа  17 одбрани, а Владимир Цупара одбрани три седмерци. Нилсон со осум и Ненадиќ со шест беа најпрецизни кај гостите, додека кај Вардар се истакнаа  Талески и Дибиров со по шест погодоци.

фото: РК Вардар

error: