Македонија доби група со Турција, Луксембург и Португалија во евро-квалификациите

- Спорт
288
Македонската ракометна репрезентација доби добро познати ривали во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година. Вчерашната ждрепка во Берлин ни ги донесе Португалија, Луксембург и Турција во А групата. Двете најдобро пласирани селекции ќе играат на завршниот турнир.
Натпреварите ќе се одиграат од октомври 2022 до април 2023 година.
Квалификациски групи за ЕП 2024:
Група 1: Македонија,  Турција,  Португалија, Луксембург
Група 2: Србија, Норвешка, Словачка, Финска
Група 3: Чешка, Исланд, Израел, Естонија
Група 4: Украина, Австрија, Романија, Фарски Острови
Група 5: Холандија, Хрватска, Грција, Белгија
Група 6: Швајцарија, Унгарија, Литванија, Грузија
Група 7: Црна Гора, Словенија, БиХ, Косово
Група 8: Полска, Франција, Летонија, Италија
Европското првенство 2024 година ќе се игра во периодот од 12 до 28 јануари 2024 година

Facebook Коментари