Рома и Џенова вчера одиграа 1-1 во натпревар од италијанската Серија А. Овој натпревар ќе остане запаметен по потегот на капитенот на Рома, Даниеле де Роси, кој во 68-та минута му удри шамар на Џанлука Лападула во својот шеснаесетник, по што беше досуден пенал за домаќините.
Лападула успешно го реализираше пеналот за конечните 1-1, а Де Роси заработи црвен картон со што неговиот тим остана со играч помалку до крајот на натпреварот.
Со овој нерешен резултат, Рома се оддалечи на седум поени од лидерот во лигата Наполи.
Facebook Коментари