Анѓушев: Работодавачите кои ќе даваат плата над 18 илјади денари ќе добијат помош од државата

- Македонија
907

Вицепремиерот Кочо Анѓушев одржа  прес конференција во Владата на која го  претстави буџетот за 2018 година и за истиот  рече дека е тоа најреформски буџет.

Анѓушев  информираше  дека за 91% се скратени непродуктивните трошоци за роуд шоуа и маркетинг кампањи. Тој потенцираше, дека ќе стимулираат работодавачи кои ќе даваат плата над 18 илјади денари и дека, под тој износ фирмите нема да имаат помош од државата.

Наредните денови, Владата на Република Македонија ќе одржува прес-конференции на кои ќе биде образложен буџетот за идната година.

Државната каса во 2018  година ќе тежи приближно 3,4 милијарди евра, растот на економијата е проектиран на 3,2% и дефицит од 2,7%.

 

Facebook Коментари