Во тек е пријавувањето за ,,Боград детската трка“ што ќе се одржи на 25 мај во Струга

- Спорт
524
Во тек е регистрацијата за ,,Боград детската трка“  што ќе се одржи во рамки на манифестацијата ,,Трка на поезијата 2024“
И оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)
-И оваа година изданието на детската трка останува со уникатно име, поддржано од нашиот верен генерален покровител од самиот почеток на нашиот настан- Хотел Боград како генерален покровител на детската трка. Заедно со нас и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.-информираат од ,,Трка на поезијата“.
Ова е ЛИНК за пријавување
Детската трка ќе се одржи на 25-ти мај.

Facebook Коментари