Филмот ,,Oppenheimer“ е апсолутен победник на ,,Оскари 2024“

- Занимливо
109

Филмот Oppenheimer на Кристофер Нолан е апсолутен победник на овогодишните оскари. Од 13 номинации Oppenheimer доби седум оскари вклучувајќи го и оскарот за најдобар филм. Следеа Poor Things на Јоргос Лантимос со 11 номинации (добиени четири оскари) и Killers of the Flower Moon на Мартин Скорсезе со 10 номинации и ниту една победа.

Наградата за најдобра актерка ја доби Ема Стоун за улогата во филмот Poor Things.

Филмот „Барби“ доби само една една награда -за најдобра оригинална песна која ја напишаа Били Ајлиш и нејзиниот брат Финис.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби украинскиот „20 дена во Мариупол“, а „Зона на интерес“ победи во конкуренција на меѓународни филмови.

Наградата за најдобро сценарио му припадна на филмот „Анатомија на падот“.

Facebook Коментари