Лев банер Десен банер

За прв пат во Струга оваа недела ќе се одржи „Дрим Маратон 2026“ Македонски куп во далечинско пливање

Струга оваа недела за првпат ќе биде домаќин на пливачкиот маратон „Дрим Маратон 2026“, кој ќе се одржи на 19 јули во реката Црни Дрим, кај Мостот на поезијата. Настанот е дел од Македонскиот куп во маратонско пливање, а организатори се Националната пливачка федерација и Пливачкиот клуб „Три дисциплини“ од Струга.

Маратонот има за цел да ја продолжи традицијата на македонското маратонско пливање, поставена од неговиот основоположник Нико Нестор, но и да понуди нов спортски настан што ќе ги собере најдобрите пливачи и пливачки од целата држава.

Главната трка ќе започне во 10:15 минути и ќе се плива на патека долга 2,5 километри, составена од пет круга по 500 метри во реката Црни Дрим, со затворен водостој и кружна патека околу поставени бови. Освен натпреварувачката трка, ќе се организира и рекреативна детска трка на 600 метри, наменета за најмладите учесници која ќе започне во 09:30 минути.

Натпреварувањето ќе се одвива во повеќе возрасни категории, а најуспешните ќе бидат наградени со медали, пехари и парични награди. Во апсолутна машка и женска конкуренција победниците ќе добијат парични награди од 6.000 денари за прво место, 4.000 денари за второ и 2.000 денари за трето место.

Организаторите најавуваат дека маратонот ќе се одржи според правилата на World Aquatics, LEN и Националната пливачка федерација, со обезбедени медицински тимови, безбедност на вода и сите неопходни услови за сигурно одржување на натпреварот.

Пливачките клубови веќе се поканети, а пријавувањето за нив се врши преку официјална електронска пошта а за сите останати се врши на овој линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdE_MUW20zvfnXB7c693gkZmKvViVBlJWJ73jTkzTC_S3Fpmw/viewform. Организаторите упатуваат покана и до сите љубители на спортот да присуствуваат во Струга и да бидат дел од премиерното издание на „Дрим Маратон 2026“, со што ќе дадат поддршка на македонското маратонско пливање и неговиот понатамошен развој.

StrugaOnline

error: