Лев банер Десен банер

Во Нерези на 25 јули свечено ќе биде осветен новоизградениот храм „Свети Никола“

Во селото Нерези на 25 јули (сабота) ќе биде осветен новоизградениот православен храм „Свети Никола“, настан што ќе ги собере верниците и гостите од поширокиот регион.

Свеченостите ќе започнат во 7:30 часот со утрена богослужба, по што во 8:30 часот е предвиден пречек на Неговото Високо Преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во 8:45 часот ќе следува чинот на осветување на новоизградениот храм, по што ќе биде отслужена света архиерејска литургија.

По завршувањето на богослужбата и осветувањето, организаторите најавуваат културно-уметничка програма со настап на познати македонски естрадни уметници, како и свечен ручек за присутните.

Од Црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој значаен духовен настан и заеднички да го одбележат осветувањето на новиот храм „Свети Никола“ во Нерези.

StrugaOnline

error: