14 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
385

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-22, Струга-14, Кичево-28, Дебар-5). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари