Филмот „Врба“ повторно на кино репертоарот во Центарот за култура Охрид

- Локални
435
Филмскиот хит ,,Врба“ повторно пред охридската публика.
Кино проекциите се закажани за среда, четврток и петок ( 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври) со почеток од 20:00 часот.
Картите ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во понеделник (05.10.2020), ограничен број на карти согласно здравствените протоколи. Телефон за резервации 046/261-063.
„Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.
По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.
Главните улоги ги толкуваат младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.
Strugaonline

Facebook Коментари