15 лица во Струга и 13 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
387
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 65 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-15, Кичево-29, Дебар-08). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 66 контроли врз угостителски и други објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари