15 мотоциклисти во Струга казнети поради сторени прекршоци

- Локални
569

На 9-ти август 2023 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Охрид се преземени засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти, од кои 17 во Охрид, 15 во Струга и по 5 во Кичево и Дебар.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари