Во недела во Струга изложба на Јелена Мијиќ насловена ,,Јела во Струга“

- Локални
307
Во недела со почеток од 19:30 часот на локацијата ,,Дуќан“ ќе биде отворена изложба на визуелната уметница Јелена Мијиќ насловена како ,,Јела во Струга“
-Во контекст на визуелната уметност творам и изложувам само кога ќе се укаже добра можност. Претпочитам да дејствувам колективно или во соработка со некого, а не сама. Сакам да вклучам и други луѓе, а не нужно уметници во мојата работа. Во блиска иднина планирам да се преселам во моето село и да направам повеќе или помалку сè што споменав претходно. Најмногу би сакала да бидам пан-уметник и домаќинка. Во „Дуќан“ ќе се обидам да го скицирам развојот на мојата уметничка практика преку изложување и поврзување на моите веќе постоечки дела, од студентско до сегашно време.“- вели Јелена за нејзината уметничка пракса.
Јелена Мијиќ е визуелна уметница со седиште во Белград, и главно се фокусира на темите на случајноста, неизвесноста, учеството на другите и хаосот на полето на уметноста и на прашањата за авторството, императивот на оригиналноста на личноста на уметникот, нивната генијалност и авторитет. Истот така ја истражува институционализацијата на уметноста и преиспитување на општоприфатените постулати на кои се заснова уметничкото дело.
Strugaonline

Facebook Коментари