Во сабота, 28-ми ноември, во 12:00 часот , ќе биде отворена петнаесеттата годишна изложба на ликовни уметници и ентузијасти од Струга. Изложбата ќе биде поставена на кејот пред платото на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ . На оваа изложба со долга традиција, годинава ќе бидат претставени делата на Викторија Попоска, Милко Нестороски, Ангела Ѓонческа, Кристина Затуровска, Јована Затаракоска, Крунислав Гагоски, Гоце Цветков, Сергеј и Мила Миладинови, Емил Попоски, Драган Докоски, Никола Маркоски, Јана Лукешевиќ, Стефанија Бетоскаи Марјан Стојаноски.
Strugaonline
Facebook Коментари