Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 78 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 25, Струга 17, Кичево 25 и Дебар 11).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 67 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-32 и Кичево 35). Во овој период, во Кичево, регистрирано е едно прекршување на забраната за движење од 22:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари