17 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
327

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 55  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-32 Струга-17, Кичево-06). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 48 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари