19 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
306

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-10, Струга-19, Кичево-27, Дебар-06). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат  извршиле 55 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари