30 возачи во Струга санкционирани поради возење со брзина поголема од дозволената

На 21.11.2021 година од 12 часот до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и снакционирале 70 возачи на моторни возла кои во и надвор од населено место управувале со брзина поголема од дозволената (Охрид-24, во населено место-15, надвор од населено место-09, Струга-30 во населено место, Кичево-08, во населено место-06, надвор од населено место-02, Дебар-08, во населено место-01, надвор од населено место-07).
Oд СВР Охрид најавуваат дека акциските контроли во сообраќајот ќе се спроведуваат и понатаму со цел, зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.
Извор: СВР Охрид

