Oпштина Струга нема да троши пари за новогодишно украсување, ќе има скромна декорација на градот

- Локални
498
На седница на Совет се изгласа дека Општина Струга нема да употреби финансиски средства од сопствениот буџет околу предновогодишното украсување на градот како и за дочекот на новогодишната ноќ.
,,Декорација на градот ќе се изврши во централното градско подрачје, скромно и ќе биде изведено од ЈП Комунално, Струга. Ваквата одлука е донесена со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор. Тие средства ќе бидат пренаменети за потребите на јавните претпријатија кои се во интерес на граѓаните.“ – информираат од Општина Струга.
Забавата за деца како и секоја година ќе продолжи со прошетка на Дедо Мраз низ градот.
Oваа година ќе се поделат награди и подароци, доделување на штедна книшка во износ од 15.000 денари за три прво-роденчиња во Општина Струга.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари