Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 85 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 38, Струга 16, Кичево 17 и Дебар 14).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 40 контроли во угостителски и други објекти (Кичево 34 и Струга 6). Во овој период, во Струга, регистрирани се 4 прекршување на забраната за движење од 22:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Facebook Коментари