4 лица во Струга и 5 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
349
Според  статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 60 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-05, Струга-04, Кичево-44, Дебар-07). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 83 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-24, Струга-08, Кичево-37, Дебар-14).
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари