5 лица во Струга и 15 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
378

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 36 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-15, Струга-05, Кичево-16). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле  45 контроли во угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари