Самостојна изложба и промоција на публикација од Мицко Мице Јанкуловски денеска во Струга

- Интервју, Локални
598

Во минутите посветени на културата, во денешното издание на емисијата Play café зборувавме за она што денеска се слулчува во Струга. Во Спомен домот на Браќа Миладиновци со почеток во 13: 00 часот ќе биде поставена самостојна изложбата на познатиот сликар Мицко Мице Јанкуловски, а ќе биде промовирана и негова публикација. Во Струга денеска изложува уметник за кој светската јавност има брилијантни критики, наградуван на престижни манифестации од областа на уметноста во Грција, Италија, Кипар, Бугарија и други земји. Деталите ги дознавме од Корнелија Конеска, куратор и промотор на изложбата. Целиот разговор проследете го на видеото:

 

Извор: Play radio

 

Facebook Коментари