6 лица во Струга и 19 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
357

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 46 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-19, Струга-06, Кичево-12, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.  Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 84 контроли по угостителски и други објекти ( Охрид-14, Струга-08, Кичево-52, Дебар-10) Истовремено, во Охрид, евидентирано е 01 прекршување на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.. Против ова лице, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари