Министерот Филипче ја прими првата доза од кинеската вакцина

- Македонија
460

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот од производителот „Синофарм“.

-„Пандемијата не научи на многу работи, уште од минатата година да бидеме сплотени, и да користиме универзални начини на заштита, а во оваа фаза нов момент, повторно да бидеме сплотени околу тоа да ставиме приоритет на вакцинацијата како еден од клучните елементи кои може да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината долго ја чекавме, значи фактор кој ќе влијае да се смени пандемијата насекаде, а сега соочени со една болест за која немаше вакцина, знаеме што значи кога овој инструмент го немаме во рацете.-истакна министерот во изјава за медиумите по примањето на вакцината.

-Апелирам сите да се вакцинираат. Несаканите ефекти се мали, има точни контраиндикации за возрасни групи или некои специфична категорина на граѓани, и го влечеме како податок од некои научни трудови“. -додаде министерот.

Тој ја информираше јавноста дека  интересот за вакцинација и бројот на дневно вакцинирани расте.

Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12.606 вакцини од кои 10.135 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 84.312 граѓани, а согласно последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Strugaonline

Facebook Коментари