Над 1 000 студенти од 6 земји ќе бидат дел од настанот „Агрономија“ кој започнува денес, а ќе трае до 29 април во хотел „Десарет“ во Охрид.
Овој настан е наменет за студенти кои студираат на шумарските факултети од државите од Балканот. Ќе има учесници од вкупно 24 факултети.
Со учеството на овој настан студентите имаат можност за размена на искуства од студиите по струката која ја одбрале, а дружењето ќе се развива преку организирани спортски игри и натпревари. Студентите меѓу себе ќе организираат и квизови на знаење, а нема да изостане и посетата на бројните знаменитости карактеристични за градот Охрид.
Извор: ОхридПрес
Facebook Коментари