Академик Јон Деаконеску од Романија е лауреат на признанието „Академија на медитеранот” за 2018-та

- Локални
1254

Вчера во Струга свечено беше отворена традиционалната Медитеранска Академија „Браќа Миладиновци“.

Овогодишен лауреат на признанието „Академија на медитеранот” за 2018-та, е современиот писатeл и есеист од Романија, академик Јон Деаконеску.

„Чест и задоволство беше оваа важна манифестација да ја отвори претставник на општинската администрација на Струга, г-ѓа Соња Стојкоска. Општина Струга секогаш ги поддржува ваквите настани и се труди да биде во служба на сите граѓани на општината.“ – се вели во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари